Press "Enter" to skip to content

Два дефибрилатори за “брза помош“ донација од израелското министерство за надворешни работи

Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување при здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ од Битола денеска доби два дефибрилатори донација од израелското министерство за надворешни работи, со што продолжи пријателската соработка помеѓу Амбасадорот на Израел за Република Северна Македонија, Н.Е. Дан Оријан и директорката на домот д-р Весна Спиркоска.Се очекува оваа соработка да се збогати и со нови поголеми активности, а следно е финансиска поддршка во опремувањето на новиот дијабет центар кој се планира да биде готов во почетокот на 2021 година, како и  отпочната постапка за реновирање на старата азбестна кровна конструкција над целиот објект, за која што Израел изјави спремност да помогне во инсталирање на најнова генерација фотоволтаици заедно со Министерството за здравство.

Помошта ја предаде Емилија Дуковски од Проектот Хоуп Македонија како организација која ја даде неопходната техничка поддршка за прием на меѓународната испорака.

More from ВестиMore posts in Вести »