Press "Enter" to skip to content

Досега пронајдени и подигнати 300 гранати, можно е да се и повеќе 1.000 под стадионот Тумбекафе (фото)

За време на изведување на градежни работи кај градскиот стадион под Тумбекафе во Битола, при изградба на потпорен ѕид, деновиве е пронајден арсенал од гранати од Првата светска војна, а бројот според некои претпоставки можеби да е повеќе од 1.000 неекслодирани гранати со калибар 75 мм, а се работи за артилериски гранати. Вработените во Дирекцијата за заштита од спасување од Битола за два дена колку и што работат на овој терен имаат подигнато околу 300 гранати, кои се складираат кај Студенсткиот дом во Битола, а потоа ќе се носат на уништување во Криволак. -Во текот на изминатите два дена, во Битола, под Тумбекафе, подигнавме околу триста гранати и неизвесно е натаму  колку ќе ги има,  во зависност колку позиции биле, кои се од напуштена артилериска позиција, осносно кога војниците решиле да го напуштат теренот, го затрупале теренот со земја и сега при ископот се појавија, рече Димче Јошевски, подрачен раководител на Дирекцијата за заштита и спасување новинарите.Акцијата за расчистување на овој опасен терен од останатите артилериски гранати ќе продолжи и во наредните денови.Овој случај само потврдува дека Битола и Битолско има голем број на неексплодирани убиствени средства најмногу од Првата светска војна, каде била и линијата на  Македонскиот фронт.

Фото: С. Богоевски

More from ВестиMore posts in Вести »