Press "Enter" to skip to content

Натамошна постапка за лицата кои се на прелиминарна листа за субвенции за клима уред

Крајниот рок за поставување на прашања за апликантите кои не се наоѓаат на прелиминарната листа објавена во врска со јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди е до 30.10.2020 година до 14.00 часот на мејл адресата subvencii@bitola.gov.mk.

Во испратеното барање за информација (барање за одговор на прашања), задолжително, потребно е да стои и бројот на предметот за кој се бара информацијата.

Крајниот рок за одговор на поставените прашања е 04.11.2020 година до 12.00 часот, по што ќе следува објава на конечната листа.

Потоа, апликантите од конечната листа, по утврден распоред за достава на документацијата потребно ќе биде физички да ги достават сите документи поднесени при електронското аплицирање, така што профактурата ќе биде заменета со фактура со исти податоци и содржина, како и профактурата, (апликантите кои аплицирале со фискална сметка, ја доставуваат фискалната сметка во оригинал), барањето своерачно потпишано од апликантот (се внесува датумот на аплицирање и бројот на предмет добиен при аплицирањето), и изјавата заверена на нотар.

Дополнителен прилог на оваа документација, потребно е да биде испечатена фотографија од печката на дрва, која ќе биде заменета со инвертер клима уредот.

Општина Битола, им препорачува на сите економски оператори кои издале профактура, после објавувањето на конечните листи, да им овозможат на граѓаните комплетирање на документацијата согласно член 7 став 4 од Правилникот за субвенционирање, каде меѓудругото стои: „Добитниците на субвенција кои поднеле барање за плаќање кон трговското друштво односно трговецот поединец, за исплата на субвенцијата треба да достават фактура од трговското друштво, односно трговецот поединец, издадена врз
основа на про – фактурата доставена со барањето за субвенционирање.

Исплатата кон трговското друштво, односно трговецот поединец ќе се врши рок од осум дена по доставувањето на фактурата“.

More from ВестиMore posts in Вести »