Press "Enter" to skip to content

Ќе се издава посебна дозвола за влез во Грција на сопственици на имот во Грција

Ве информираме дека според одлука на Специјалната меѓуминистерска комисија на Грчката Влада, дозволено е издавање на посебна дозвола за влез на сопствениците на имот во Грција од 1 ноември 2020 година, со цел да се решат прашањата поврзани со нивниот имот, исклучиво или преку граничниот премин Промахонас (грчко-бугарска граница), или преку меѓународниот аеродром во Атина “Елефтериос Венизелос“.

Дозволата важи само за постојани жители на Република Северна Македонија кои поседуваат недвижен имот во Грција и кои немаат привремен пристап поради итните мерки за заштита од КОВИД-19.

За издавање на посебната дозвола, заинтересираните треба да испратат до Генералниот Конзулат на Грција по електронски пат (karkamisheva.jasmina@mfa.gr) барање со следните податоци:
– Име и презиме
– Копија од пасош
– Копија од Образец Е9 во која се појавуваат како сопственици на имот во Грција
– Патничко осигурување, вклучително и покритие за КОВИД-19

По конечното одобрување на барањето, заинтересираните треба да ја известат нашата институција во врска со точниот датум на минување преку граничниот премин Промахонас или датумот на патување со авион преку меѓународниот аеродром во Атина “Елефтериос Венизелос “, за издавање на посебна дозвола за влез.

Поради зголемените рестриктивни мерки во земјата поради пандемијата КОВИД-19, доделената посебна дозвола за влез важи само за едно преминување. Се нагласува дека дозволата за влез важи само за сопствениците на имот, а не и за нивните придружни членови на семејството.

Исто така, потребно е да се прикаже на граничниот премин Промахонас или на меѓународниот аеродром во Атина "Елефтериос Венизелос" посебната дозвола за влез придружена со копија од образецот Е9, негативен ПЦР тест (направен 72 часа пред пристигнувањето во Грција) како и пополнување на ПЛФ форма (електронски, преку веб- страницата travel.gov.gr).

По пристигнувањето во Грција, патниците може да бидат повторно подложени на нов лабораториски тест од надлежните Грчки контролни органи.

За повеќе информации, јавете се на 047 237 340 или испратете го вашето прашање на е- маил адресата karkamisheva.jasmina@mfa.gr