Press "Enter" to skip to content

Панде Петровски доби плакета од Битола на годишната изложба на ДЛУБ (фото)

Вчера вечер, во Магазата во Битола беше отворената традиционалната 4-то Ноемвриска изложба која секоја години по повод ослободувањето на Битола ја организираат Општина Битола и уметнички совет на ДЛУБ – друштво на ликовни уметници на Битола.На годинашната изложба со свои дела се претставени Сандра Котевска, Димитри Балојани, Владимир Симоновски, Панде Петровски, Елена Ѓорѓиевска, Анастасија Петрова, Дарко Аницин и Валентина Илијевска учесници од Битола, Штип, Скопје и Куманово.Наградата на градот Битола му е доделена членот на ДЛУБ, Панде Петровски, а во комиссијата беа историчари за современа уметност, Александар Џумковски и Владо Ѓоревски.

More from КултураMore posts in Култура »