Press "Enter" to skip to content

Денес 63. седница “он-лајн“ на Советот на Општина Битола

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес во 10 часот ја закажа 63. седница на Советот на Општината Битола со почеток вo 10,00 часот. Седницата ќе се одржи “он-лајн“ преку апликацијата ZOOM.

Денес на дневен ред ќе се најдат точки за буџетот на Општината, планови на Општина Битола и други.

Комплетниот дневен ред  е следен:

1. Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за
третиот квартал од 2020 година.

2. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020 година
3. Програма за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2021-2023
година.

4. Програма за дополнување на Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од пет години во Општината Битола (2018-2023)

5. Одлука за отстапување во сопственост на движна ствар – товарно моторно возило за специјална намена (пајак) без надомест од страна на Општина Битола на ЈППЈЛП – Битола

6. Измена на Годишен план за вработување во општинската администрација на Општина Битола за 2020 година.

7. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифите за прочистување на отпадните води на КЈП Нискоградба Битола за регулиран период 2021-2023 година, за населено место Кукуречани.

8. Решение за именување на членови во Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола

9. Решение за разрешување и именување претставник од родителите на децата во Управниот одбор на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »