Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Георги Здравев – Моцарто

Во Битола на 82 годишnа возраст почина академик проф.д-р Георги Здравев, пензиран  професор по музичко образование на Педагошкиот факултет, претходно и во средните училишта во Битола, кој рабоtеше и како диригент, а беше автор на многу книги од областа на музиката. Последната книга “За музиката“ ја промовира пред една година во Битола.

Последен проект на Здравев беше проектот “Камерна опера“ кој им остави на неговите следбенички професорките Марина Коруновска и Маја Митровска.

Роден е на 8 септември 1939 година во Битола. Диригент на битолскиот симфониски оркестар и друштвото „Ј. Словенски“. Основач е и почесен претседател на АКУД „Даме Груев“.

Магистрира и докторира  на предметот Методика по музичка настава. Диригирал повеќе симфониски и оперски концерти. Во 1960 г. ја извел првата битолска опера „Орфеј“ во Хераклеа Линкестис. Автор е на петнаесет учебници и книги  од музикологијата.

Добитник на голем број благодарници, признанија и награди, меѓу кои и онаа за животно дело 4-ти Ноември. 

More from БитолаMore posts in Битола »