Press "Enter" to skip to content

Конечно европски ракомет во Битола, вторник Еурофарм Пелистер го пречекува Кадетен Шафхаузен

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола ја известува јавноста дека натпреварот од третото коло на групата “Д“ на Лига Европа против Кадетен Шафхаузен од Швајцарија ќе се одигра редовно во вторник на 17 ноември во 18:45 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, без присуство на гледачи.

РК Еурофарм Пелистер од Битола навремено ја извести Европската ракометна федерација за позитивни случаи на коронавирус во екипата, стручниот и медицинскиот тим, како и за заразеност на сите голмани во екипата, пријавени за европските натпревари. По неколкудневна консултација клубот ја прифати препораката на ЕХФ натпреварот редовно да се одигра. 

Веќе неколку од заразените ракометари ќе излезат од изолација и ќе им се приклучат на останатите кои со денови тренираат со Жељко Бабиќ во Битола. Останатите, посебно оние асимптотамтски случаи тренираа индивидуално во своите домови.

И покрај краткиот период за заеднички тренинзи, Еурофарм Пелистер подготвен ќе го дочека натпреварот против првакот на Швајцарија.

More from БитолаMore posts in Битола »