Press "Enter" to skip to content

По паузата Еурофарм Пелистер 2 продолжи со победите

Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 28:25 (17:10)

Враќањето по паузата екипата на Еурофарм Пелистер 2 го продолжи со победа, а овој пат во Битола ја победија екипата на Прилеп. Натпреварот во Битола се играше без публика во Битола во спортска сала “Боро Чурлевски“.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 започна убедливо со водство од 7:2, а по добрите одбрани на домашниот голман Филип Ивановски предноста се искачи на 16:9 во 25. минута, а на полувреме резултатот беше 17:10 за Еурофарм Пелистер 2.Во продолжението на натпреварот Прилеп намали на 21:16 во по десетина минути игра, а се доближија на -4 на девет минути до крајот. Благодарение на залихата од првите 30 минути, “пелистерци“ го приведоа натпреварот кон крај и извојуваа победа од 28:25.

Најефикасни поединци кај Еурофарм Пелистер 2 беа крилата Кузмановски со шест и Стоилевски со пет гола, а одличен беше и Ивановски на голот. 

More from БитолаMore posts in Битола »