Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред десет години: во ноември 2010, големиот Адeмар Леон во Битола, проблеми на фудбалерите, времето топло како овие денови (фотогалерија)

Кога се подготвував за денешниот текст за оваа рубрика, во мојот новинарски тефтер најдов за средината на ноември повеќе настани кои се случиле во Битола, но се одлучив да споменам само два спортски настани, на ракометрите и фудбалерите, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола  и доајен на битолското новинарство.-Во Битола гостуваше големио шпански ракометен клуб Адамар Леон, тим кој ја надополна листата на европски ракометни гиганти кои играле во “Младост“ во Битола. Пелистер беше поразен во Битола 22:25, а потоа и во реваншот во Шпанија 34:22. Но, остануваат пријатните спомени нам кои бевме во “Младост“ и на гостите кои не го криеја убавите впечатоци од престојот во Битола, приемо, публиката, битолчани…Претходно се одржа прес-конференција на која зборуваше тогашниот претседател на РК Пелистер, Ефто Божинвски, за што Миновски вели:-Ефто Божиновски во негов стил, непосреден како секогаш беше соопшти за тоа што барале шпанците од нив, дека им било понудено двете средби да ги играат во гости во Шпанија,но тие и покрај лошата финансиска состојба собрале сили и европскиот ракометен гигант го донесоа во Битола, во салата “Младост“, по Лемго, Портланд, Загреб и уште некои брендови на европскиот ракомет…

-Од друга страна фудбалерите имаа сериозни проблеми за тоа како да продолжат да играат, по постојани празни ветувања, серија на порази, финансиска казна од 5.000 евра за прекинот од неполн половина час со Силекс и сега закана за расформирање на клубот, или од лошо, полошо, вели Миновски.-Фудбалерите на прес-конференција се огласија и рекоа дека клубот не е на фудбалерите и на стручниот штаб, туку е на градот. Веке неколку недели никој не се појавува под Тумбекафе. Нема претседатели, директори, нема никого со исклучок на фудбалерите и тренерите. Управа немаме, а поддршка добиваме само од “Чкембарите“. Бараме прием кај градоначалникот и ветувања дека овој клуб ќе опстане. Нема опрема, немаме зимски тренерки, се бориме да обезбедиме автобус и ручек за гостувањата, а камо ли да мислиме на натпреварите и да се извлечеме од последното место на табелата, затоа ова е последен апел за спас на клубот, рече капитенот Петковски во името на сите фудбалери, кои беа присутни во салата за прес-конференции на битолскиот клуб.И на крај сакам да споменам дека времето во ноември 2010 беше слично на ова оваа година, температури повисоки од просечните, но без корона, битолчани слободно седеа на Широк Сокак по кафулината заедно еден до друг, а тогаш ниту на сон не помислуваа дека по 10 години ќе им биде забрането групирање, вели Миновски.

More from БитолаMore posts in Битола »