Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите на “Битолскиот книжевен круг“ (фото)

Во НУУБ„ Св.Климент Охридски“ Битола  се одржа десеттата меѓународна книжевна манифестација “Битолски книжевни паметења“ на која беа промовирани трите наградените книги и доделени годишните награди за 2020 година.

На манифестацијата во Битола беше книжевното претставување на странските и дел од македонските учесници беше он-лајн на новокреираната веб страна на БКК. Беа претставени истакнати писатели од Словенија, Германија, Италија, Полска, Англија, Узбекистан, Бангладеш, Индија, Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија, Србија, Романија, Венецуела, Израел, Саудиска Арабија, Тајван, Виетнам, Колумбија и др.Наградата „Лингва“ се додели на Олга Панкина истакната македонистка и преведувач за нејзиниот огромен придонес во афирмација на македонскиот јазик и литература во рамките на нашата држава и странство.

Книгата „Профили“ од Весна Мундишевска-Велјановска е добитник на наградата „Книжевен круг“.

-Весна Мундишевска-Велјановска успешно го води тој нов книжевно-критички правец, затоа што таа постојано успешно ја наоѓа пораката на делото, најверојатно чувствувајќи ја својата лична метафизика во естетските вредности на книжевното дело. Со оваа своја нова книга ни покажа како може да се биде и креативен творец, па дури и на поетиката на книжевната критика, нагласи рецензентот, академик, Зоран Пејковски на нејзината промоција.Книгата „Манастир од мисли“ од Кире Неделковски е добитник на наградата „Книжевен круг“ за поезија.

Книгата „Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски е добитник на наградата „Книжевен круг“ за проза.

На вториот ден од манифестацијата беше промовиран двоброј (21-22) од списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“ во издание на Битолскиот книжевен круг од главниот и одговорен уредник проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, а беше промовирано и списанието „Современост“ од страна на Стефан Марковски негов главен и одговорен уредник.

More from БитолаMore posts in Битола »