Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ги претстави новите дресови и онлајн фан-шопот на клубот (фото)

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола на вчерашниот тренинг во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, ги промовира трите гарнитури на дресови за сезоната 2020/21. Во отсуство на можност за планира промоција со своите фанови, приврзаници и спонзори, клубот се одлучи со он-лајн промоција да го одбележи новиот почеток.

Пред првиот домашен натпревар, со клупските дресови позираа капитенот Градимир Чаневски, Стипе Мандалиниќ и Марио Танковски. Еурофарм Пелистер сезонава ќе игра во зелено-бела, сино-бела и бело-сина гарнитура во Лига Европа, СЕХА Гаспром лигата и Суперлигата. -Добро се чувствуваме во двете комбинации и двете бои на нашите дресови. Сино-белата боја е традиционална, до 90-тите, а зелено-белата е боја на новото време. Навивачите многу ни недостигаат, вака изгледа како да играме на тренинг. Кога ќе се дозволат навивачи нашата сала ќе биде обоена во зелено-бела боја, изјави македонскиот репрезентативец Марио Танковски. Клубот го промовираше и онлајн фан-шопот на кој љубителите на Еурофарм Пелистер ќе може да ги купат клупските дресови, маици, сувенири, обележја. На веб-страницата на која клубот ги онлајн ги продава своите поединечни и сезонски билети – https://kartieurofarm.mk/fanshop/ сега може да се купат и клупските дресови.

Меѓу „Чкембарите“ интересот е огромен, а со оглед и на поволните цени, нема дилеми дека брзо ќе се распродадат и кога ќе биде овозможено присуство на гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“, таа ќе биде обоена во клупските бои.
More from СпортMore posts in Спорт »