Press "Enter" to skip to content

Митревски и Тодоровски од Битола два пати делат европска ракометна правда

Судискиот ракометен пар од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, оваа седмица како меѓународни судии оваа седмица покрај натпреварот од Лигата на Европа меѓу Нексе и Монпелје, ќе судат меч од Лигата на шампионите.

Станува збор за женска конкуренција, натпреварот меѓу Брест Бретањ и Подравка Копривница, кој ќе се одигра на теренот во Хрватска.

Французинките гостуваат во Копривница во сабота на 14 ноември, а заостанатиот натпревар од претходното коло што требаше да се одигра во Бретањ, ќе го одиграат на теренот на ривалот. Закажан е за 16 ноември од 18:00 часот.

Инаку, судискиот пар годинава за претставување на Битола на многу терени низ Европа е доботник на 4-то ноемвриската награда на Општина Битола.