Press "Enter" to skip to content

Мартин Велковски: среќа за Шафхаузен што се игра во празна сала, публиката во Битола секогаш голема помош

Пред денешниот натпревара од “Д“ групата од Лигата на Европа кој ќе се игра во Битола, во спортската сала “Младост“, ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски за неговите очекувања и како го коментира вечерашниот натпревар и играњето без публика на последниот тренинг рече:

-Шафхаузен е квалитетна екипа, подолго време играше во Лигата на шампионите, имаат доста репрезентативци на Швајцарија. Сепак, мислам дека ние сме поквалитетна екипа и ќе победиме. Се знае каква атмосфера се прави кога има навивачи во Битола. Тоа ни беше голема помош минатата сезона и многу ќе ни недостигаат нашите фановите. Но, така е за сите екипи, па и за нас и мора да се навикнеме.