Press "Enter" to skip to content

Швајцарските ракометари пристигнаа во Битола и го одработија тренингот

Екипата на Кадетен Шафхаузен вчера попласдне пристигна во Битола и по сместувањето во хотел “Коепс“ го одржаа тренинг сесија во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.

Ракометарите на Кадетен ќе ја имаат честа да ја отворат оваа сезона, која имаше одложувања,  на теренот во Битола, а ова ќе биде прв натпревар за пелистерци, кои претходно имаа одложен натпревар поради пандемијата со коронавирус.

Натпреварот е закажан за денес со почеток од 18:45 часот.