Press "Enter" to skip to content

Ненад Костески, еден од најмладите во Еурофарм Пелистер жали за прошуштената победа

Еден од најмладите ракометари на Еурофарм Пелистер од Битола, Ненад Костески, по завршувањето на синоќешниот натпревар во Битола рече дека жали што тој и неговите сограчи не ја запишаа првата победа во Европската лига. 

-Имавме прекрасно прво полувреме, водевме шест разлика на паузата, но одлучи падот во второто полувреме. Имавме доста заразени играчи со коронавирус, немавме доволно време за подготовки и сето тоа си го зеде данокот. Жал ми е затоа што не победивме на овој меч, затоа што навистина го заслуживме триумфот, рече младиот македонскиот репрезентативец Костески на редовната прес-конференција по завршувањето на натпреварот во Битола.

Во Битола, домашниот тим имаше позитива речиси во текот на целиот натпревар, но во клучните моменти потфрли и во нападот и во одбраната и одигра без победник 25:25  против Кадетен Шафхаузен.

Следен предизвик за битолскиот тим е Рајн Некар Левен на гости во Германија.

More from СпортMore posts in Спорт »