Press "Enter" to skip to content

Наташа Мицевска, кувар во градска кафеана хотел “Епинал“-Битола, низ декорирањето и аранжирањето раскажува приказна, секогаш  различна

Жанета Ристевска

Храната се восприема со сите сетила  вкус, мирис, изглед. Во градската кафеана при хотел “Епинал“ во Битола, секое јадење, специјалитет има различна декорација. Наташа Мицевска кувар и дел од тимот во кујната на градската кафеана во Битола која покрај кулинарските способности, таа на креативен начин ги сервира, декорира специјалитетите.  За љубовта кон кулинарство, украсување, аранжирање… низ разговорот  кој го направивме со неа во ресторанот на градската кафеана на хотелот “Епинал“ во Битола, каде  посветено работи веќе 10 години. Фотографиите повеќе од зборови ќе ги доловат вкусните специјаитети аранжирани од нејзините раце и креативност. Таа започна спонтано:-Покрај готвењето, аранжирањето на храна ме фасцинира, сакам промена, различно мени, различна декорација во зависност од годишно време, празник, посебна прилика… Декорациите треба да раскажуваат приказна. Тоа е љубов, посветеност кон работата… Така  започна со својата приказна Пред 10 години започнав да работам во кујната на градска кафеана “Епинал“ во Битола и започнав од почеток што се вели, миење садови, сецкање, салатер, пица-мајстор…, а поминав и низ повеќе фази на процесот  готвење, сервирање во кујната. Тука ќе истакнам дека учев и работев со најдобрите, шефот Александар Видоевски и целиот тим во кујната, без кои нема да биде се перфектно. Условите се прекрасни за работа, можеш да посакаш што ќе помислиш од продукти за да направиш кој сакаш специјалиетет. За мене тоа беше голем предизвик, готвењето ми беше пасија, ги купував сите списанија и книги за рецепти, украсување кои постојат, ги следев сите кулинарски емисии од различни мајстори на кујните. Кога дојдов тука како да ми се исполни сонот кој го сонував. Добри услови за работа и можност за напредување и искажување на креативни идаи. Низ декорирањето сакам да раскажам приказна, и секој пат таа е различна. Зависи од моменти на расположание, прилика, годишно време, празник…Организација на коктели перфектно аранжирани за голем број гости  се она по што е позната  кујната на градската кафеана “Епинал“ во Битола. Оние кои присуствувале знаат дека  се било  вкусно зготвено, убаво сервирано, аранжирано, декорирано…голем дел од нив се дело на вашите раце, а фотографиите го доловуваат  тоа.

-Можам да кажам дека најголем предизвик  аранжирање и декорација на коктелите, во кои можеш да ја изразиш цела креативност. и оригиналност. Тие се секој пат различни, интересно. Градска кафеана на хотел “Епинал“ во Битола, нуди широк избор на сезонски специјалитети, избор на морска храна, современи  и македонски специјалитети со висок квалитет, и внимателно одбрана винска карта, сите специјалитети кои ги нудиме се модерно декорирани и се сервираат на посебен начин, чинии… Јас сакам различни декорации и во секојдневните менија од време на време.Тука се организирале сите коктели и презентации на фестивали како “Manaki Brothers“, Битолско лето, протоколарни коктели… како и организирање на приватни забави… Готвење по протокол за посебни ВИП гости, постојани гости кои доаѓаат тука… Кажете ни повеќе?

-Тимот од  кујната на градската кафеана -хотелот “Епинал“ готвеле ,организирале коктели со посебни декорации и аранжмани  за претседатели од голем број држави, потоа премиери, градоначалници, дипломатски и политички делегации, спортски репрезентации, ВИП личности од светот на филмот, музиката, уметноста…  Одговорноста  на целиот тим е голема за да биде се по протокол. Во тие моменти притисокот е голем за да биде се во најдобар вред. Секако дека искуството, но и воиграноста, посветеноста на целиот тим, е најзначајно. А над се тука е шефот Александар Видоевски кој сака се да биде совршено и ни помага на сите на негов посебен начин, а потоа со довербата која ни ја дава на сите се е навреме завршено, сервирано, послужено.Презентацијата со дегустација  на “5 Courses“ наиде на голем интерес кај битолчани. Декораците на специјалитетите беа на светско ниво во кои учествувавте и Вие. Кажете ни повеќе?

-На градските седенки со мени од 5 јадења кои ги организиравме  гостите уживаа во добра  храна, вино и музика. Нашиот  тим   храната, за нас значи само едно, да продолжиме со вакви изненадувања за нашите гости. Декораците на специјалитетите беа на светско ниво.Секоја сезона различно мени…  Сега хит есенското мени.

-Оваа сезона есен воведовме еенско мени кое се состои со нови специјалитетите, како салати, предјадења, главни јадења и десерт декорирани во посебен есенски амбиент во градската кафе4ана кое предизвика голем интерес.  Сакаме да бидеме во тренд. Со доаѓањето на Новогодишните и Божиќните празници подготвуваме нови изненадувања за нашите гости.  Овој период актуелни нови  менија фитнес мени, “он-лајн“ мени во градската кафеана во хотел “Епинал“-Битола

-Мораме да бидеме актуелни и да им излезеема во преесррет на сите кои доаѓаат во градската кафеана, а се дело на целиот тим на кујната. Тука се сладокусците, уживателите на храна, но и оние кои пазат на внесот на калории и сакаат да се хранат здраво. Фитнес мени со своите предлози екорисно за  есенско чистење на телото во време  за есенска детоксикација. Секако во овој период на пандемија и личности кои се во изолација ние им излегуваме во пресрет со “он-лајн“ мени. Со него им се  овозможува на сите да се разгледа што има од јадења  и да се резервира. Тука ќе истакнам се трудиме да им  излезем во пресрет на сите. Ќе кажам дека на нашите постојаи гости им  ги знаеме веќе вкусовите за храна, декорација… само ќе ни кажат таа маса и тие гости и ние знаеме што да им зготвиме. Тоа е резултата на повеќегодишна  работа и посветсност, со која сме горди сите ние од кујната на градската кафеана на хотел “Епинал“.Започнавте како спортист… Кажете ни повеќе за овој период од животот?

-Од мала возраст игра ракомет, и имав успешна кариера, беа првотимец и најдобар стрелец во ЖРК Пелистер. Животот е непредвидлив, стапив во брак на 19 години и ја прекинав кариерата како спортист. Можам да кажам дека и во ракометот бев многу упорна, дисциплинирана и посветена. Со стапување во брак дојдоа и други обврски, раѓање на моите деца. Имаам две прекрасни деца Тамара и Никола, а од ќерката Тамара внуче Матео. Можеби пропуштив многу нешта во животот заради тоа што стапив во брак многу млада, но сега сум среќна и задоволна. Мојот сопруг Ванчо е спортист, како  и сопругот на мојата ќерка, фудбалерот Стефан Спировски. Сепак спортот има се уште голема улога во животот. Мојот сопруг и зет за ќерка се спортисти фудбалери со успешни кариери. А ќе споменам дека и мојот брат Оливер беше добар фудбалер, а тројцата имаат настапувано за ФК Пелистер. Сега сум посветена мајка, сопруга, и бескрајно посветена на мојата работа која ме исполнува. Какви желби имаат вашите членови од семејството за да им  зготвите и декорирате?

-Им ги почитувм желбите, знам што сакаат  и задоволство ми е да им готвам, иако понекогаш  кога се вратам изморена од напорната работа која бара многу упорност и откажувања, не ми до готвење и дома. Ќерката сака различни специјалитети од италијанска и грчка кујна, а синот строго внимава на здрава храна и внес на калории, време на јадење, сето тоа мора да се почитува. Брзи совети за готвење со неколку продукти и давам на ќерката кога сака да зготви нешто брзо во својата кујна.Раскажувајќи ја својата животна приказна која како ни рече е обична и едноставна, таа зборува смирено, со љубов и задоволство на среќна мајка, сопруга, баба. Би додала едноставна, но успешна приказна. Низ своето готвење и декорирање таа  раскажува нови приказни, и тие  со љубов и посветеност што ја прави успешна и оригинална на своето работно место. 

 

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »