Press "Enter" to skip to content

Денес 30 нови позитивни на ковид-19 во Битола, оздравени 28, починати 5 лица

Денес во Битола се регистрирани нови 30 позитивни на ковид-19 од вкупно  1.237 нови случаи, а направени се 3.200 тестирања.

Во Битола посега има 1.609 лица кои досега се позитивни на ковид-19, а активни се 784 случаи.

Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од кои во Битола 28 пациенти.

Починати се 39 лица од кои пет пациенти од Битола на 68, 65, 44, 76 и 69 години починати во болнички услови.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, а во инфективното одделение на клиничката болница располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.