Press "Enter" to skip to content

САМОДОВЕРБА, проект за поттикнување на позитивна енергија и квалитетно ментално здравје

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе реализира серија на статии кои ќе ги објавува “Bitolanews“ – Битола,  со кои веруваме дека заеднички позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра самодоверба кај населението во РС Македонија.

Како да ја подобриме сопствената самодоверба?

Постојат повеќе начини како да ја подобриме сопствената самодоверба. Главниот фактор кој е потребно да го активираме и ставиме во функција е нашата внатрешна мотивација.

Што значи ова? Секој од нас е потребно да го пронајде чувството кое ќе го подигне и самомотивира. Никој не може да не мотивира како што ние самите можеме да се мотивираме себе си!

Ќе ве замолам ова да го запаметите.

Да, некогаш ни е потребно да ислушаме на ју туб или да посетиме во живо вакви мотивациски говорења, но секогаш главниот фактор за мотивација мораме да сме самите
ние.

Одредена категорија на лица имаат потреба од мотивација преку други канали. Веројатно секој од нас е различен во овој поглед. Фактичката реалност е дека мораме самите за себе да бидеме тие кои ќе бидат главната причина за мотивација.

Личната само-мотивација е клучот на успехот кај секој од нас.

Тесната врска помеѓу таа лична самомотивација и нас самите, игра значајна улога во подобрување и на сопствената самодоверба која претставува како ние се цениме и гледаме себе си.Лицата кои имаат ниска самодоверба чувствуваат одредени емоции кои ќе ги набројам за полесна идентификација.Тоа се да речеме моменти на недопаѓање на себе си, омраза
кон себе си, некои чувствуваат дека не вредат многу дека не се доволно добри, други
мислат дека никој не ги сака ( што воглавно не е вистина, тоа е само нивна перцепија во
моментот), некогаш не се во состојба да донесат сами одлука за себе и својот живот,
многупати и не можат да си ја препознаат сопствената вредност и сила, честопати се
деструктивни сами према себе и се обвинуваат себе си за работи за кои воопшто не се
виновни, имаат недостиг на среќа.

Сево ова сублимирано води кон ниска доверба за самите себе си.

Ваквата категорија на луѓе не се добри за креативна работа доколку се во ваков вид на
ментална состојба. Не е препорачливо ни да се бават со продажба од било каков вид.

Овие негативни фактори и влијанија кои ги имаат лицата со ниска самодоверба се честопати фактори кои ги спречуваат да живеат нормален живот. Ниската самодоверба знае да влијае навистина деструктивно доколку секој од нас не се потруди да го најде личниот двигател во себеси.

СОВЕТ:

Никогаш не смееме да дозволиме ниската самодоверба да влијае на нас и да не спречи да бидеме успешни во животот.Доколку чувствувате и мислите дека можеби во моментот имате доза на ниска самодоверба тогаш е препорачливо да го направите следново.

Направете мали но вистински чекори! Зошто?

Некогаш сакајќи да постигнеме големи нешта, сакаме се да направиме одеднаш, а тоа многу ретко резултира со успех. Ова е проверено од лично искуство. Затоa полека и постепено.

Не се обидувајте да го реновирате и реконструирате сопствениот живот во само неколку дена! Па ни Рим не бил изграден за еден ден!

Затоа, како прво потребно е да размислиме што не довело во таква ситуација?

Што е тоа што влијае на нашата самодоверба?

Доколку чувствувате потреба од поддршка, обратете се кај стручно лице, тоа воопшто не е сработа, напротив препорачливо е. Еден разговор може да смени многу значајни работи во животот на еден човек. Фокусирајте се на себе, а не на сите околу вас!

СОВЕТ:

Советот во овој случај е дека никако не смееме да правиме негативни разговори со самите себе си каде е многу веројатно дека ќе се обвинуваме себе во тој авто- разговор.
Препорачливо е секој од нас да си постави предизвик и да се фокусира на сопствената
позитива.

Грижете се за себе бидејќи никој друг тоа нема да го направи наместо вас.

За сите консултации, on-line предавања на оваа но и други теми можете да не
контактирате на: info@euinstitue.eu или да го посетите нашиот веб сајт:

 www.euinstitute.eu

Пријава на директен линк:

https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/СоцијалниМрежиВоНаставата

СЕКОЈ УЧЕСНИК ДОБИВА СЕРТИФИКАТ!

More from БитолаMore posts in Битола »