Press "Enter" to skip to content

Со “он-лајн“ настан во Битола одбележан Светскиот ден на детето

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола (ОСПДПБ), денес го одбележа 20 ноември, Светскиот ден на детето.По тој повод психологот Марија Филиповска како претседавач со Советот за превенција на детско престапништво – Битола, во соработка со психологот Лидија Споа, член на Советот за превенција од детско престапништво и учениците од гимназијата “Јосип Броз-Тито“ – Битола, организираа он лајн настан “Средношколците во служба на основците, затоа што заедно сме посилни“ на тема “Булиг, како да се препознае, како да се превенира и каде да се пријави.-Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да овозможи да се слушне гласот на децата и тие да укажат на најголемите предизвици со кои се соочуваат. А сите ние заедно да го кренеме гласот и помогнеме за да се спасат детските животи, да им помогнеме на децата да се борат за своите права и да го остварат својот потенцијал, рече психологот, Марија Филиповска.Психологот, Лидија Споа, истакна дека целта на овој настан е да се охрабрат учениците да го пријавуваат насилството затоа што никое дете не смее да биде малтретирано, никое дете не смее да биде понижувано, никое дете не заслужава да трпи насилство.Иницијативата на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво беше подржана од градоначалничката м-р Наташа Петровска, која воедно и го отвори овој “он лајн“ настан.На настанот се “присустуваа“ околу 100-тина учесници, во најголем број ученици од основните училишта за кој и беше наменет овај настан, организирани од своите психолози, наставници, директори и други стручни соработници.