Денес во Битола, според информации на Министерството за здравство има нови 28 лица кои се позитивни на ковид-19, а има и три оздравени лица.
Со денешните бројки во досега има во Битола 1.637 случаи на ковид-19, а активни се 808.
Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 1.182 случаи на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти од кои во Битола се 3 пациенти.
Починати се 25 лица еден од Битола на 54 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485.
Од вкупно направените 3109 теста во ЦЈЗ Битола се направени 95.