Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола облачно и ќе дува засилен северен ветер

Денес, сабота, 21 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеолопки работи времето ќе биде наутро студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер. Температурата во Битола до 6°С.

Утре, недела, 22 ноември, времето во Битола ќе биде претпладне променливо облачно и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата во Битола до 6°С.