Press "Enter" to skip to content

Добра старт-ап идеја, поволни кредити (фотогалерија)

“ПРЕДА плус фондацијата“ во соработка со “СИЛК РОАД Банка“ синоќа во Битола, во просторииите на “Битола старт-ап“ центарот ја промовираше програмата од втората мултилатерална линија од страна на Европскиот Инвестициски Фонд и Европската Унија во вредност од 5 милиони евра за поддршка на микро-претпријатија и старт ап компании во рамките на Програмата за вработување и социјална иновација на Европската унија (EaSI).Учесниците на третата генерација на програмата “и од Битола се може(и) синоќа имаа шанса да слушнат детали околу можноста да добијат поволен кредит за разбој на нивните старт-ап идеи.-Гаранциите обезбедени од ЕУ ќе и овозможат на Силк Роуд Банка АД Скопје да понуди производи за микрофинансирање по поповолни услови за микро претпријатија. Овој договор ќе поддржи закрепнување на приватниот сектор, развој на старт ап компании и нови вработувања во државата, истакна Лилјана Андонов, координаторка на проектот.Силк Роуд Банка создаде пакет производи Bizz UP наменет за финансирање на ранливи категории клиенти, како и за старт ап компании и компании во фаза на развој,  со оперативна историја на работење до 36 месеци.  Со потпишувањето на Договорот за соработка со Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ), Силк Роуд Банка како финансиски посредник ќе поддржи финансирање на овие категории на клиенти на домашен пазар, преку средствата од Програмата за вработување и социјална иновација (EaSI), финансирана директно од Европската унија.-Пакетот Bizz UP се состои од неколку производи за микрофинансирање, како што се: дозволено пречекорување на сметка, кредити за обртни средства и кредити за инвестиции. Покрај олеснувањето од аспект на кредитен ризик за овие тип на пласмани, вакви мултилатерални договори со реномирани меѓународни институции како ЕИФ, ЕИБ и ЕБРД финансирани од страна на Европска Унија се во голема мера позитивна референца за нашата Банка, истакна Виргилије Мазнев, директор на служба на продажба и поддршка на продажбата.-Среќни сме што можеме да обезбедиме ваков вид на поддршка за приватниот сектор особено за микро-претпријатија и старт ап компании кои многу често се соочуваат со значителни потешкотии во пристапот до финансиски средства и се најтешко погодени од пандемијата. Гаранциите поддржани од ЕУ ќе и овозможат на Силк Роуд Банка да понуди кредити под поповолни услови за потребите на компаниите за обртни средства или потребите за дополнителни инвестиции. На овој начин, всушност ние им помагаме на компаниите да ја одржат својата ликвидност, да ги задржат постојните работни места и секако да создаваат нови можности за вработување на подолг рок,  истакна Александра Атанасовска, раководителка на експозитурата.ПРЕДА плус фондација со оваа соработка, ги забрзува чекорите на развој на старт-ап компаниите во нашиот регион. Се јавува како лобист на промени.-Со овој организиран и хостиран настан од страна на ПРЕДА плус, која во изминатите две години реалирзаше две стартап програми со цел поттикнување на екосистем за стартапи и поддршка на бизнис сектор во Битола и Пелагониски регион, даваме посебно засилување на менторската и тренинг програма со третата стартап генерација Преда плус ја започна пред еден месец. Оваа новина и соработка со Силк Роуд банка, станува составен дел од тековниот проект, а на настанот беше презентација на новиот производ на банката наменет за микро и мали клиенти, правни лица со стартап идеи како и постоечки бизниси во развојна фаза, основани последните 36 месеци, истакна Лидија Ангелкова, проектна координаторка на ПРЕДА плус фондацијата.Настанот, заради Ковид протоколите беше од отворен тип, но со ограничен пристап по строго определените протоколи, но беше стримуван на страната на ПРЕДА плус фондацијата, така што беше достапен до широката јавност. Истиот е поставен како фајл да се погледне на сајтот, во секое време.Инаку, Битола старт-ап центар е проект реализиран во склоп на ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРСТВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (ЛПВ) финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.