Press "Enter" to skip to content

“Водовод“ – Битола ја заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата “Д. И. Мурато“, се враќа стариот сообраќаен режим

ЈКП “Водовод“од Битола, за повеќе од половина време предвидено за реконструкцијта на водоводната мрежа на улицата во центарот на Битола “Димитар Илиевски Мурато“ ги заврши работите и сега битолчани низ центарот на Битола ќе возат по стариот сообраќаен режим, односно нема да има пренасочување.

Екипите на ЈКП “Водовод“од Битола за помалку од 30 дена, од предвидените 60, ја заврши работата, и веќе се асфалтирани сите прекопи кои беа направени при извршување на работите.

По промената на водододната мрежа следува целосна санирање на коловозот и ново осветлување на улицата во центарот на Битола.