Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево, утре наутро студено

Денес, недела, 22 ноември, во Битола времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и источен правец. Температурата во Битола до 8°С.

Утре, понеделник, 23 ноември, во Битола времето утрото ќе биде многу студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. По Пелагонија ќе има појава на утринска магла. Температурата во Битола до 8°С.