Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: симпозиум за Ататурк во Битола, организиран од новинари од Анкара (фото)

-Врските на Битола и Турција се големи, а се најзначајни кога се зборува за таткото на турската нација, Мустафа Ќемал Ататурк, а една од соработката е дводневен симпозиум посветен на делото на Кемал Ататурк во организација на Здружението на новинари-Анкара и Здружението на турски новинари на Македонија кое се одржа во ноември 2010 година, започна со своите сеќавања за значајните настани во Битола пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На семинарот во Битола, кој се одржа во Заводот и музеј, каде е и спомен собата на Ататурк, имаше гости од Турција, Македонија и други држави од Балканот, а ги поздрави тогашниот, министерот за одбрана Зоран Коњановски кој тогаш потенцира дека визионерските и космополитски идеи на Ататурк, се вредности кои денес ги споделуваат двете држави на различни полиња каде што постои простор за соработка., а посебно извонредна е соработката меѓу министерствата за одбрана и армиите на двете држави.Делото на Ататурк претставува водилка за одржување на традиционалното пријателство меѓу двете држави и народи во сите сфери на современото живеење и делување, беше речено на симпозиумот.
Симпозиумот го отвори Назми Билгин, претседател на Здружението на новинари-Анкара, кој нагласи:

-Симпозиумот се одржува во Битола затоа што нашето срце чука со срцата на нашите пријатели од Македонија. Тука ќе евоцираме спомени, но и ќе говориме за големото дело на Ататурк како светски значаен лидер, рече меѓудругото Билгин, претседател на Здружението на новинари-Анкара кое директно соработува со Здружението на турски новинари на Македонија, има запишано во својот новинарски бележник Миновски.
На дводневниот симпозиум имало четири панел сесии на тема „Политиката на Ататурк кон медиумите“, „Ататурк и Турскиот јазик“, „Ататурк и културата“ и посебна сесија за „Ататурк и Балканот“.

Во рамките на симпозиумот беше отворена изложбата на фотографии на Ататурк и Анадолиска Агенција во НУ Завод и Музеј-Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »