Press "Enter" to skip to content

Победа на Хераклеја во градското кошаркарско дерби против Медика Карта (фотогалерија)

Хераклеја – Медика Карта 82:77

Во рамките на третото коло од Втората кошаркарска лига – запад во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одигра градското кошаркарско дерби помеѓу екипите од Битола, Хераклеја и Медика карта. Поискусниот битолска екипа, Хераклеја, беше подобра и победи со 5 поени разлика, 82:77, а ова ним им е трета победа од три кола, а со новите бодови се лидери на табелата.Екипата на Хераклеја уште на стартот на натпреварот направија значителна предност, а првото израмнување беше на 26:26 во втората четвртина, која “домаќинот“ Хераклеја ја заврши со мала предност.И во вториот дел од натпреварот, односно во третата и четвртата четвртина, Хераклеја успеа да дојде до првата победа над градскиот ривал Медика Карта.