Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале од Битола по лошиот старт се стабилизира, викендов јубилеен натпревар на капитенот

Минатата сезона 2019/2020 општинските лига “А“ и “Б“ беа прекината поради ковид-19 пандемијата. Поради тоа Општинскиот фудбалски сојуз на Битола реши оваа година 2020/2021 да направи две групи по 12 екипи со тоа што првите 6 од едната и другата група ќе формираат “А“, а останатите “Б“.

Како екипата на Јени Маале од Битола се прилагоди на новонастанатата состојба, капитенот, Никола Пискачев вели:-И оваа година 2020/2021 започна покасно причините се исти ковид-19, до сега се изиграни 7 кола. Екипата на Јени Маале од истоимената населба од Битола, имаше многу лош почеток забележа 3 порази по ред, но во продолжени успеавме некако да се консолидираме и на последните два натпревари забележавме две победи, а за целта која си ја имаат поставено додава:

-Нашата цел како клуб е да пласираме во првите 6 екипи. Упатуваме и апел до сите други екипи да се придржуваат на протоколите и насоките дадени од комисијата за заразни болести, со тоа би се заштитиле сами и другите околу нас, а воедно и првенството ќе тече непречено а за сите нас тоа е најважно.Следниот натпревар кој треба да се игра викендов Јени Маале и Младост, екипата од кај “Кајнако“ ќе одбележи еден љубилеј, 400 натпревар на капитенот Никола Пискачев во дресот на својот тим.