Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Германија

Рајн Некар Левен – Еурофарм Пелистер 28:20 (14:11)

Еурофарм Пелистер од Битола загуби на гостувањето во Германија, против екипата на Рајн Некар Левен, 28:20, што е втор по ред пораз на гостувањата, во Евро лигата, а фаворитот во групата “Д“ на терен само ја потврди оваа улога.

“Пелистерци“ на стартот имаа 4:4, но за брзо беше 7:4.  Следуваше водство на домашните 9:6, па 12:9, за на одмор да се замина со 14:11.

Еурофарм Пелистер продолжи да брка негатива, а по пет минути игра резултатот во „САП Арена“ гласеше 17:14. Во 40. минута Рајн Некар Левен дојде до предност од пет гола, 20:15, на десет минути пред крајот 22:15, а на крај по 60 минути 28:20.

Најдобар во тимот од Битола беше Периќ со пет, Мараш со четири.

Следниот натпревар за Еурофарм Пелистер во Европската лига на ЕХФ е на гостински терен во Словњнија, на екипата Тримо Требиње.

More from СпортMore posts in Спорт »