Press "Enter" to skip to content

Од утре припадници на АРМ ќе ја обезбедуваат Клиничката болница во Битола

Како во неколку болници и клинички центри, така и во Клиничката болница во Битола од утре, припадници на АРМ ќе бидат распределени, а тоа се прави на барање на здравствените институции.

-Здравствените лица треба да се посветат само на нивната работа, а не да се грижат кој е пред болниците. Затоа, припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени низ здравствените институции. Денес врховниот командант на АРМ, претседателот, ќе даде зелено светло и системот за поддршка ќе може да функционира, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Една од причините, АРМ да ги обезбедува болниците е предлогот за кризна состојба е затоа што во вакви услови можеме да ги користиме армиските сили. Освен во болниците во Скопје, армиски припадници ќе име и во болницата во Битола.