Press "Enter" to skip to content

Тренерот Бабиќ и капитенот Чанески на прес по завршувањето на натпреварот: направивме многу грешки во нападот

Синоќа по завршувањето на натпреварот Ранј Некар Левен – Еурофарм Пелистер на офцијалната прес конфренција, во кој екипата од Битола одигра добро прво полувреме, што не може да се каже за второто, во кој загуби со 28:20, зборуваа тренерот и капитенот.

Хрватскиот тренер Жељко Бабиќ на екипа од Битола по натпреварот рече.

-Сакам да им ја честитам победата на Рајн Некар и на тренерот Швалб. Вечерва ја заслужија, а наша најслаба страна вечерва беше играта во напад. Правевме многу грешки во нападот, а ако сакате да играте сериозен натпревар против Рајн Некар Левен мора да играш многу подобро во напад. Во одбраната игравме многу добро. Сепак, и покрај сè, беше задоволство да се игра вечерва против Рајн Некар Левен и овој натпревар ќе ни биде од голема корист пред наредните натпревари.

Голманот и капитен на Еурофарм Пелистер од Битола, Градимир Чанески кратко рече:

-Правевме многу грешки во нападот, а и промашивме многу чисти шутеви. Сега мора тоа да го анализираме и да се поправиме за следните натпревари. Беше задоволство да се игра во „САП Арена“, но ќе видиме што ќе се случи на натпреварот во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »