Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 53 нови позитивни на ковид-19, оздравени 144 битолчани

Во последните 24 часа, според информации од Министерството за здравство се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на ковид-19, од кои 53 битолчани се позитивни на корона вирус.

Починати се 39 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.078 оздравени пациенти од кои од Битола се 144 пациенти.  

До сега од почетокот на ковид кризата има вкупно во Битола 1.813 лица, а активни се 808 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 320.011 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, бројката на оздравени пациенти е 34.970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20.881.
More from ВестиMore posts in Вести »