Press "Enter" to skip to content

Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел“-Битола почнува со брзи ковид тестови

Јавната здравствена установа Здравствен дом “Д-р Хаим Абраванел“ во Битола од денес, 26 ноември, започна со изработка на брзи тестови за ковид-19.

Новиот пункт, кој се наоѓа нас рентгенот за заби, од задната страна на Уредот во Битола, ќе работи со закажување на пациентите преку “Мој термин“ преку матичните лекари во рамките на лабораториската дијагностика.Резултатите ќе се добиваат истиот ден, поточно неколку часа по тестирањето, а истите ќе бидат праќани кај матичните лекари, а тие ќе ги информираат за тоа дали се позитивни или не.

Тестирањето е во организација на Министерството за здравство, а ќе се започне со 30 брзи тестови, а потоа ќе се зголемува капацитетот. 

 

More from ВестиMore posts in Вести »