Press "Enter" to skip to content

Прв пат по 29 години “Расчекор“ во Битола, без роденденска журка

Ноќниот клуб “Расчекор“ од Битола денес слави 29 години од отворањето, а сега веќе возрасните битолчани, се сеќаваат на отворањето на ова култно место, а многу следни генерации на роденденските журки во изминатиот период кои ги организираа сопствениците Марио и Игор Трифуновски.

Но, годинава за прв пат ќе нема роденденска журка, со познати гости, поради ковид кризата, но од “Расчекор“ во Битола, порачуваа преку порака до битолчани, дека по сето ова ќе продолжат.

-Ништо нема да го скрши нашиот дух кој го градиме 29 години. Љубовта, енергијата и дружењето, испреплетени со ноќниот живот во “Расчекор“ се само на пауза. Журките и забавите повторно ќе продолжат, уште посилно и уште појако, затоа што сите сме жедни за најлудите забави во најелитниот клуб.

Најдобриот персонал повторно ќе ве пречека со широко отворени врати. Сите ние силно ќе се гушниме за нов почеток.

Расчекор е повеќе од ноќен клуб. “Расчекор“ е живот кој повторно ќе се роди заедно со вас. 29 години ноќен клуб “Расчекор“, е пораката која е упатена до гостите од Битола и околните градови.