Press "Enter" to skip to content

САМОДОВЕРБА, проект за поттикнување на позитивна енергија и квалитетно ментално здравје

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе реализира серија на статии кои ќе ги објавува “Bitolanews“ – Битола,  со кои веруваме дека заеднички позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра самодоверба кај населението во РС Македонија.

КОИ ФАКТОРИ ВЛИЈААТ НА НАШАТА САМОДОВЕРБА?

На почетокот ќе речам дека кај секого различен е факторот кој влијае на моменталната самодоверба. Кај секој еден од нас тоа е индивидуално. Ќе дадам неколку примери кои ги среќаваме во секојдневниот живот, а се фактори кој влијаат и придонесуваат да една индивидуа има проблеми со сопствената сигурност во себе.

Доколку подлабоко размислиме и навлеземе во суштината на нашето живеење и постоење, во реалното наше опкружување ќе можеме да видиме дека расколебана самодоверба најчесто имаат лица кои во изминатиот период од своето живеење имале серија негативни настани во сопствените животи. Тие ситуации и случувања придонеле до намалување на нивната сигурност.

Денеска сме сведоци на бројни негативни ситуации каде луѓето во ова современо живеење сеуште се малтретирани или злоупотребувани. Секако дека ваквите индивидуи ќе имаат проблем со сопствената самодоверба. Сведоци сме дека и со моменталната глобална пандемија и ковид-19 криза секојдневно голем број на лица ја губат работата која им е главна егзистенција во животот и од неа ги хранат своите семејства или пак немаат работа и имаат реални потешкотии да најдат ново вработување. И кај оваа категорија на луѓе постои можност за појавување и недостаток на лична самодоверба.

Во многу други ситуации во ова денешно време-невреме сме изложени на континуиран стрес кој исто така знае да се рефлектира со намалување на самодоверба кај една личност.

Кај друга пак категорија на луѓе кои се со некаква физичка болест, постојано провејува и
владее тој недостаток на самодоверба. Лица кои се со благо или сериозно нарушување на менталното здравје континуирано имаат проблеми со личната самодоверба. Лица од ранливи категории кои се жртви на семејно насилство имаат пореметени вредности и се исто така со ниска самодоверба.

Еве ова се дел од категориите на луѓе кои манифестираат недостаток на самодоверба.СОВЕТ:

Мораме да сме самосвесни за тоа како се чувствуваме. Да се дијагностицираме себе си е веројатно најкомлексна работа и најтешко. Но, доколку сме во нормална физичка и психичка состојба и доколку сме реални, ќе сфатиме дека сами сме тие кои единствено можеме да си помогнеме себе си при тоа анулирајќи ги сите промени кои ќе ги дијагностицираме во нас самите за да го оспориме ниското ниво на самодоверба.

НАПОМЕНА:

За оние кои се во потешка ментална криза секогаш е препорачливо да се обратат кај стручни лица кои ќе им помогнат да ги надминат сите проблеми и потешкотии кои ги спречуваат во животот и работата да имаат подобра самодоверба, а се однесуваат на оваа тема.ДАЛИ НИСКАТА САМОДОВЕРБА ВЛИЈАЕ НА НАШЕТО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ?

Секако дека влијае. Ниската самодоверба кај една индивидуа е тесно поврзана со менталното здравје. Лицата кои како искуство имале ниска самодоверба честопати покажуваат проблеми со менталното здравје. Од моите искуства кои ги имав во изминатите години при работа со мојот ментор кој дел од своето време го посветуваше на консултации на млади лица и парови кои имаа вакви проблеми можам да кажам дека кај сите можев да видам чувство на безнадежност, себе обвинување за се и сешто, во многу ситуации и мразење на себе си, и грижа дека поради несигурност и недоверба во себе си нема да постигнат ништо.

Ќе резимирам од она што го видов и доживеав во пракса. Доколку долг временски период многу вакви наведени фактори влијаат во животот на едед човек, тоа доведува до воопшто немање на никаква самодоверба и проблеми со менталното здравје. Затоа и на почетокот реков дека самодовербата и металното здравје се тесно поврзани. Многупати ваквата состојба во која една личност има ниска самодоверба доведува до преиспитување кај луѓето. Пример: кој што рекол, каде згрешил или што се друго направил или му се случило.НАПОМЕНА:

Личната евалуација секој еден од нас е потребно да ја прави на крајот од денот. Тоа е пресуден фактор за понатамошен успех. Но, во никој случај не смееме себе си да се обвинуваме за се и сешто. Ваквата деструктивност не води никаде.СОВЕТ:

Без оглед на причината поради која некој има ниска самодоверба, ќе ве потсетам дека секој еден од нас има право да се чувствува добро. Секој еден од нас има право да да ги прекине лошите навики и мисли и да ги превземе вистинските чекори за да се чувствува добро за  себе. Обидете се да ги прекинете лошите навики. Не сите одеднаш. Тука сите ние ја правиме најголемата грешка. Се сакаме во исто време, да стануваме рано и да одиме да изџогираме, да почнеме со диета и здрава исхрана како би ги намалиле вишокот наталожени килиграми и уште ред многу други работи.

Да направие личен план во кој постепено ќе превземеме чекори со кои ќе го подобриме сопствениот квалитет на нашиот живот, при тоа уживајќи во личната самодовеба.

За сите консултации, on-line предавања на оваа но и други теми можете да не контактирате на: info@euinstitute.eu или да го посетите нашиот веб сајт:

 www.euinstitute.eu

©Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

More from СоветиMore posts in Совети »