Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Пелистер 2 на стартот на продолжението на сезоната

Работнички  – Еурофарм Пелистер 2 28:23 (14:12)

На повторениот старт на Супер ракометната лига мажи, по паузата поради голем број на позитивни ракометари на ковид-19, втората екипа на Еурофарм Пелистер од Битола е поразена во Скопје од Работнички, што може да се каже и како изненадување.

Екипата на Работнички започна добро против екипата од Битола и во текот на целото прво полувреме имаше предност од еден-два гола, а со 14:12 за скопјани се отиде на одмор.

Ракометарите од Битола на почетокот од вториот заиграа поорганизираво продолжението, но по грешките на средина од вториот дел предноста на домаќините се искачи на +4, а во 48. минута 22:17, за на крај да биде +5 за Работнички 28:23. 

Најефикасни во Еурофарм Пелистер 2 беа Кузманоски со пет и Стефан Талевски и Дрогришки со по четири гола. 

More from СпортMore posts in Спорт »