Press "Enter" to skip to content

Црвено светло во Битола, Пелистер со нов домашен пораз (фото)

Пелистер – Силекс 1:2 (о:2)

Градски стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола, без публика
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица).
Стрелци: Драгарски 53’ (П) – Мустафов 1’, Ристов 34’ (С).
Ж. Картони: Тимовски (С).

Пелистер: Талески, Илиевски (55’ Бошковски), Спиркоски, Кордоба, Кочоски, Фазлију, Пејаковиќ (55’ Нето), Поповски (41’ Хот) (80’ Исмаили), Драгарски, Талевски (55’ Маневски), Илиески.
Силекс: Трајковски, Драшковиќ, Грозданоски, Костовски (90’ Благојевиќ), Серафимовски, Мустафов, Ристов, Тимовски, Нешовски, Карчески, Тантуровски (15’ Ѓуриќ).Ново разочарување за љубителите на фудбалот во Битола, и по шест натпревари дома Пелистер нема три бода од победа, а денес под Тумбекафе “пелистерци“ се поразени од Силекс со 1:2, полувреме 0:2, со што ситуацијата во Пелистер на табелата е лоша во битката за опстанок.

Силекс поведе во првата минута од средбата со голот на Мустафов, кој со о ефектен гол го доведе Силекс во водство. По една грешка на Спиркоски и Поповски во средниот ред, Мустафов украде една топка во 30. минута, додаде до Ристов, а овој ефектно ја погоди целта за 0:2.

Ппо еден корнер на Пелистер, капитенот Драгарски постигна гол за надеж за 1:2, но за жал немаше израмнување и пресврт во Битола.

Пелистер по 13 кола е на 9. место со 12 бода, зад него се Ренова со 11, Академија Пандев со 10 и Беласица со 9 бода.