Press "Enter" to skip to content

Димитар Митрoвски и Анета Мицевска со нивни прв музички проект (фото)

Младиот виртуоз на хармоника Димитар Митрoвски од Битола, има само 21 година, студент е на музичката академија во Скопје,  втора година. Точно пред една година талентираниот Димитар  го издаде своето второ ЦД издание насловено како „Balkan fusion“. Периодот на пандемија која  негативно се одрази на сите естрадни уметници, музичари и пејачи, па така и за музичарите од Битола, Димитар го искористи за снимање на видеа кој ги постваува на “ју-тјуб“ каналот. По една година иако во специфични услови на пандемија, Димитар го најави  новиот проект заедно со Анета Мицевска, од групата “Молика“ од Битола.-Заедничката соработка со Анета од групата “Молика“ беше поттикната од моја страна. Имено, имав голем желба да снимам нешто заедничко, со ќе кажам најдобриот балкански вокал. Понудата беше прифатена, се консултиравме, одлучивме и дојдовме до идеа на обработиме една српска песна и снимиме ковер. Тоа го направивме во студио “Кочан“, а видео-клип е снимено во “In production“. Наскоро ќе биде комплетно готово и сите ќе имаат прилика да го  слушнат производот на нашата заедничка соработка. Јас се недавам дека после овој ќе продолжиме со уште вакви проекти заедно со Анета и група “Молика“, кои ќе бидат пријатно изненадување во овие тешки услови на пандемија, кога песната може да ни го подобри расположанието. Доаѓаат и празници кога песната сигурно ќе се слуша.Песната, која Анета и Димитар ја преработија е  во оригинална изведба на Верица Шерифовиќ “Кад уморно срце стане“, а музика на Драги Домиќ.  

За својот инструмент, Димитар, со љубов зборува:-Со мојата хармоника се дружам од мои  3 и пол години, а талентот и љубовта кон него го наследив од мојот татко кој исто така свири на хармоника. На  10 години  започнав да одам на часови кај мојот професор, Кирил Стојковски, кој ме научи на сите техники на свирење хармоника. Своето средно образование го продолжив во државното  музичко училиште во Битола, а потоа и Музичка академија отсек теорија на музика во Скопје и сега сум на втора година.  Моето прво ЦД го издадов во 2016 година, ова е мој посериозен проект на кој продуцент е  Михајло Манојловски, и за крај додаде:

Музиката, хармониката се и ќе  мој  живот, се надевам  понатаму на нови  квалитетни  изданија и со други изведувачи од нашата музичка сцена.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »