Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како да ја намалиме анксиозноста, стравот, паника предизвикани од корона кризата

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Корона вирусот се уште глобално се шири, драстично зголемување  на новозаболени, мртви, вознемирувачки вести и слики од ковид центрите, новонастанати услови на реалност. Ова е реалноста со која се соочуваме и никого не остава рамнодушен. Неизвесноста која ја носат  лошите вести, само го зголемуваат чувството на загригриженост, страв, анксиозност и паника. 

Анксиозноста е нормална човечка реакција на страв, таа може да ги оневозможи нормалните и конструктивни реакции во кризни состојби  Луѓето кои се поподложни на анксиознсот, чувство на страв или паника многу потешко ја поднесуваат оваа ситуација со коронавирус.

Како да си помогнеме и зачуваме своето ментално здртавје?

 Кога ќе почуствувате или се појават бранови на коронавирус анксиозност  тогаш опишете го тоа искуство на себе или на други околу вас. Запрашајте се за вашите емоции како се чувствувам? Дали сум исплашен/а? Во паника сум?… Може  чувствата да се променливи во текот на денот. Ви доаѓа нагон да побегнете или да се „смирите“ со опсесивно пратење, читање на вести за корона вирус.

Парадоксално е, дека што повеќе се соочувате со анксиозноста, во еден момент ќе доведе до помала анксиозност.Што е “парадокс на анксиозноста

Анксиозноста расте пропорционално колку повеќе човекот му се опира. Карл Јунг „Она на што се опираш опстанува…“ Некои се борат со ова чувство на различни начини

Најчесто луѓето си го одвлекуваат вниманитео со пијалок, храна, или други неадкватни активности, кои повеќе би ги применувале, неверување, скептичност во однос на постоење на вирусот. Многу пати сакаат да се уверат од другите дека се ќе биде во ред.. Или опсесивно ќе пратат вести за да гои смират своите стравови. Таквите однесување за миг можат да помогнат, но долгорочно може да ја зголемат анксиозноста.

Треба да знаеме дека Со избегнување на анксиозноста ние всушност правиме таа да се враќа. Наместо тоа дозволете манифестирање на  вашите анксиознои мисли , чувства и физички манифестации како адекватни во вакви кризни ситуазции. Не се плашете да покажете дека сте вознемирени, исплашени…

Неизвесноста го зголемува чувствот на анксиозност.

Неизвесноста која доаѓа со  корона вирусот и прашањата  Што ќе се случи? Дали може да се заразам? Дали ќе завршам во болница? Дали ќе умрам?…. Ја зголемуваат несигурноста  која ги прави луѓето многу почуствителни. Она што е неизвесно го толкуваме за потенцијално многу опасно и не сме сигурни како ќе се заврши.

(Обично во вакви ситуации човечкиот ум обично многу повеќе ги перцепира лошите  информации, за сметка на оние кои се добри)Неизвесноста е составен дел на животот, но зависно од тоа  каков став ќе завземеме кон неа, сите тазлично реагираме. Луѓето имаат потреба( се стремат) да ја контролираат ситуацијата и на тој начин си прават сигурна и безбедна средина. Меѓутоа колку е тоа возможно во реалноста? Животот не можаме да го контролираме, бидејќи тогаш не би бил живот.

Животот се развива и не може да се контролира. Овој факт треба едноставно да се прифати. На тој начин  ќе ни биде подобро, ќе ни биде полесно. Исто така треба да знаете дека не се соочувате прв пат во својот живот со неизвесна ситуација. Поседувате лични искуство со други неизвесни ситуации, заради тоа треба да имате верба дека и со оваа ситуација ќе се справите.

Проживувајте ги и зборувајте за своите емоции

Можеби ќе реагирате премногу емоционало на стресот. Изразете ги емоциите страв, загриженост, тага, непријатни чувства. Може да ви се променуваат во текот на денот или дедека следите вести, од сат на сат…

Ви доаѓа да плачете, потоа се смеете, (се е дозволено ако се штитите себеси и другите. Се е тоа со цел за воспоставување на емоционална контрола. Таа се воспоставува со постепено прифаќање на амбивалентни емоциии охрабрување на себеси. Така личноста ќе се уверува дека има доволно сила и издржливост да ја поднесе новонастаната ситуација.

Не ја преценувајте заканата (опасноста) од коронавирусот

Ширењето на сезациналистички вести по медиумите и постојано читање на секакви информации, може да ја прецените опасноста што доведува до зголемено чувство на страв и анксиозност.  За да ја намалите анксиозноста се прпорачува да пратите само проверени информации и тоа  нека биде не повеќе од 40 мин,дневно. Запомнете стануваме поанксиозни  доколку се соочуваме со ситуации кои се неизвесни.  

Задржете се на фактите корона вирусот може да биде опасен и смртоносен и со ова треба да ги земета за сериозсно и одговорно мерките за заштита. Здраво разумски мерки миење на раце, дезинфицирањее на површини, останување во изолација и помалку контакти, водење здрав живот и градење добар имунитет.Не ја потценувајте сопствената отпорност

Човечкиот ум е добар во предвидување на најлошо. Истражувањата покажале дека луѓето имаат тенденција да преценуваат колку на нив ќе делуваат негативните настани, а се потценуваат колку добро може да се носат и да се прилагодат во тешки ситуации. Треба да знаете дека сте многу поотпорни одколку што мислите. Тоа ќе ви помогне да се носите подобро со анксиозноста. Не заборавајте на вашата сила, во тешки моменти.

Да се справиме со егзистенцијалната анксиозност

Заканите од корона вирусоѕ се однсуваат на здравјето и го зголемуваат најголениот страв кај луѓето стравот од  смрт. Обидете се да се поврзете со смислата на животот, било да е тоа духовноста, или друг извор на смирување. Размислете како го живеете својот живот и смислата .Фокусирање или откривање на „зошто“ може да ви помогне да се носиме со неизбежната анксиозност.

Зголемете ја грижата за себе и другите во семејството

Водете здрав живот со добар сон, вежбање, хранете се здраво, техники  на дишење за опуштање  слушајте омилена музика, читајте добра книга, гледајте филмови секој спрема своите интереси. Оние кои се во изолација искоритете го времето  за спроведување  диета со здрава исхрана, пост на организмот од сите отрови. Но и ментална хигиена на духот. Добри, позитивни мисли, нов извор на сатисфакција, Бидете со своето семејство, разговарајте за своите чувства на загриженост. Бидете емпатични со децата, објаснете им ја ситуацијата во зависност од возраста. Давајте им информации и инструкции за заштита, да одржуваат физичка дистанца, носта маска, помалку се дружат овој период.  Насочете ги да бидат креативни. Читајте заедно со нив, слушајте музика, учете за на училиште. Правете го она што не сте можеле додека сте биле зафатени со работни обврски.  Со тоа може да постигнете подобра психолошка благосотојашба, и јакнење на имунолошкиот систем.

Споделете ја својата загриженост, чувство на страв…..

Споделете ги своие грижи со другите. Разговарајте за она што ве мачи.

Пренасичете  го вниманието

Нашиот ум функционира за да не заштити. Заради тоа пристрасни сме и  размислуваме за потенцијалните закани. Кога се најдете преполни со размислувања за застрашувачки нешта кои би можеле да се случат, треба да ја запомниме оваа тенденција за лош исход. Да може да се случи нештои лошо/ Признајте ги сите грижи и преусмерите  го својот  умот во сегапноста и на факти.

Важни препораки

Ограничете се на изложување на вести. На социјалните мрежи постојат огромен број на бескрајни понуди на информации. Со зголемното чувство на страв и загриженост сигурно многу време ќе потрошите во потрага на нешто ново.  Тоа може да биде контрпродуктивно бидејќи тука може да најдете многу сензационалистички вести кои нема да користат , а ќе ги зголемат чувствата на неизвсеност и страв.

More from СоветиMore posts in Совети »