Press "Enter" to skip to content

“Моја“, четвртата авторска песна на Дарко Гроздановски од Битола (видео)

21 годишниот Дарко Гроздановски од Битола на 29 ноември на интернет, “он-лајн“ го промовираше најновото кант-авторско дело, песната насловена “Моја“, песна инспирирана од неговото секојдневие. Најновата 4. по ред за него песна “Моја“ има енергичен ритам и текст во кој секој ќе се пронајде.

Дарко Гроздановски од Битола од мала возраст покажува интерес за музиката и завршува основното музичко училиште во Битола, каде започнува да свири виолината. Кон крајот на основното образобание почнува да го негува пишаниот збор. Поезијата од тогаш, па се до денес му е еден од омилените начини за пренесување на емоцијата.

Добитник е на многу први награди по виолина на државни и меѓународни натпревари, како и на неколку први државни награди во поезија.

Досега ги има издадено песните, “,Да ја видам”, “Засекогаш”, “Сега знам” и најновата “Моја“.

More from ЗабаваMore posts in Забава »