Невен Стјепановиќ, ракометар на Еурофарм Пелистер од Битола, по санирањето на повредата се врати во нормала и се чуствува одлично, а за повредата вели:
-Моментално се чувствувам одлично по повредата која минатата сезона ја заработив во Битола. Што повеќе време минува, се враќам во форма. Одигравме неколку официјални натпревари, влегувам во ритам. Не можам да речам дека целосно се вратив во ритам, но се трудам колку што можам. Дури сега гледам колку е тешко да се враќаш од вака тешка повреда. За жал заради овој коронавирус немавме многу натпревари, баш тие ми недостигаат. Но, се надевам на подобри времиња и добри партии, а за тимот и очекувањата денес од Љубљана вели:
-Искрено, можам точно да кажам дека имаме доста поквалитетна екипа од минатата сезона. И тогаш имавме квалитетни ракометари, но сега мислам дека тимот како тим е доста подобар. Склопивме мозаик и имаме одлична хемија во тимот. За жал немавме доволно натпревари и тоа да го покажаме. Ги покажавме добрите страни, имавме и лоши моменти, но со повеќе натпревари ќе го покажеме квалитетот. Секогаш постои притисок. И кога сте поквалитетни екипа и кога не сте – секогаш постои тој притисок. Мислам дека сме поквалитетна екипа од Тримо Требње, но тие играат многу брзо, што и го покажаа против Татабања. Унгарците се многу добра екипа, а тие успеаја да ги победат. Одиме со респект, но имаме императив на победа, поквалитетна екипа сме и се надевам на позитивен резултат.
