Press "Enter" to skip to content

По 500 евра награда за пиротехничарите кои ги извадија гранатите кај Тумбекафе во Битола

На денешната седница на Владата, 25. по ред, на предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Владата денеска донесе одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување кои работеа во Битола, под Тумбекафе.

Наградата на поротехничарите им се доделува заради нивниот посебен ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на преку 7.000 парчиња, или 52 тона гранати кои беа пронајдени на 27 октомври во близина на Градскиот стадион во Битола, стои во соопштенито испратено до медиумите од последната седнива.