Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: украден автомобил “голф“ од паркинг на “Прилепска“

На 30.11.2020 година во 08:00 часот во СВР Битола Б.Л. (39) од Битола пријавил дека на 29/30.11.2020 година во периодот од 16:00 – 07:00 часот, од паркинг простор на улица “Прилепска“, му било одземено патничко возило ,,фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки.

СВР Битола работи на расчистување на случајот.