Press "Enter" to skip to content

12.000 гранати од Битола, од под Тумбекафе, ќе се уништуваат на армискиот полигон во Криволак

Во врска со пронајдените неексплодирани убојни средства при изведување на градежни работи на Градскиот стадион, место викано „Под тумбе кафе“ во Битола,  денес во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа координативен состанок со претставниците од Армијата и МВР за организирање на активности за уништување на средствата.

Договорено е се сите подготвителни мерки и активности, согласно законските прописи и процедури за уништувањето на пронајдените гранати, на армискиот полигон во Криволак.

Поради големото количество на неексплодираните средства Дирекцијата за заштита и спасување од Армијата побара поддршка за транспорт, а се извадени и складирани околу 12.000, иако проценката беше дека има повеќе, а се ставуваше дека има и по патот.