Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер: мора нешто да сменам во играта за седум дена

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола одиграа лош натпревар во Љубљана, Словенија и се поразени од Тримо Требње, со резултат 28:24.

По завршувањето на 5. коло од “Д“ лигата од Европската лига, на редовната прес-конференцијата, тренерот на екипата од Битола,  хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ изјави:

-Посебно во првиот дел многу промашивме и тешко е да се игра во Европа ако се шутира толку лошо. Чувствувавме притисок и мора нешто да сменам за натпреварот по седум дена. Честитки за Тримо Требње, за ракометарите и за тренерот Урош Зорман. 

Веќе за седум дека истите екипи ќе се сретнат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, на 8 декември во 20:45 часот.