Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на фудбалерите на Пелистер, овој пат од Работнички, од пенал

Екипата на Пелистер од Битола и по промената на тренерот продолжи со лошите резултати. Овој пат под водство на Димитар Капинковски е поразена во Скопје од Работнички, со гол од пенал во 85. минута. 

Натпреварот заопчна со иницијатива на “романтичарите“, со шанса в гол во 5. минута. во 45. минута, Бојан Илиевски несакајќи играше со рака и Работнички доби удар од 11 метри, кој во гол за водство го претвори Ѓурѓевиќ (1:0).

Пелистер најголемата за израмнување ја испушти преку Нето.

Во следното коло Пелистер излез од кризата ќе бара на свој терен против Шкупи, додека Работнички го чека градско дерби со Вардар.