Press "Enter" to skip to content

САМОДОВЕРБА, проект за поттикнување на позитивна енергија и квалитетно ментално здравје

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе реализира серија на статии кои ќе ги објавува “Bitolanews“ – Битола,  со кои веруваме дека заеднички позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра самодоверба кај населението во РС Македонија.

ЗА ДА КРЕИРАТЕ ПОКВАЛИТЕТНА САМОДОВЕРБА ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ЛУЃЕ КОИ ВЕ САКААТ!Дали некогаш сте почувствувале дека се чувствувате лошо поради одредени луѓе? Сигурно сте се затекнале себе си во ситуација во која сте дијагностицирале дека некој не ве цени и кон вас се однесува лошо. Веднаш отстранете ги таквите лица од сопствените животи. Доколку тоа не е возможно во тој случај потрудете се да ја минимализирате комуникацијата со нив колку што е можно повеќе или колку што ви налага конкретната ситуација.

Сигурна сум дека ова ќе ви помогне да се чувствувате подобро самите кон себе. Воедно ќе си направите поголем простор за лица на кои ќе им дадете можност и шанса да бидат дел од вашиот живот и работа. На ваков начин ќе го оспорите негативното размислување. Ќе направите свесен напор и затоа како резултат на ова ќе имате простор и време за лица кои ве сакаат, почитуваат и ве третираат како што вие самите се гледате себе си, а тоа и го очекувате од другите.На ваков начин ќе престанете со негативни размислувања.
Верувајте дека веднаш ќе се почувствувате подобро.
Вашата самодоверба ке ја подигнете на повисоко ниво!

Некогаш е добро своите мисли и размислувања да ги поделиме со своите најблиски со кои и го делиме животот. Многупати барем мене ми се покажало дека тоа може да помогне да се преиспитаме себе си и да го оспориме негативното размислување.СОВЕТ:

Секогаш за согледување на реалната слика во животот ни требаат уште еден пар очи.

Некогаш е потребно директно да го прашаме нашито партнер или најблиското семејно опкружување како ти не гледаат и доживуваат?

И ова повторно ќе ни помогне да го најдеме вистинскиот одговор и уште еднаш да се преиспитаме себе си.

Да ги прашаме што тие сакаат кај нас, што им се допаѓа, а што не? Ќе се изненадите од одговорите кои ќе ги добиете.

Семејството секогаш не потсетува на она што сме го направиле, а е правилно. Тоа секогаш помага.НАПОМЕНА:

Секогаш одлуките кои ги правиме во животот треба да бидат наши, сопствени, без никакво влијание од никој освен нас самите. Во овој случај и да погрешиме, но и да сме на правиот пат, самите за себе ќе ја сносиме сопствената одговорност. Никој друг нема да ни биде виновен!

И ова навистина помага!

За сите консултации, on-line предавања на оваа но и други теми можете да не контактирате на: info@euinstitute.eu или да го посетите нашиот веб сајт:

 www.euinstitute.eu

©Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

More from СоветиMore posts in Совети »