Во фоајето на НУ Центар за култура во Битола беше отворена изложбата на акварени на битолскиот уметник, Александар Поповски, секако со примена на протоколите за заштита од корона вирусот.Изложбата ја отвори директорката на НУ Центар за култура во Битола, Маја Андоновска- Илиевски, а на неа се претставени околу триесетина акварели на Поповски.
Акварелите на Поповски датираат од различен период, а од тоа што е прикажано на изложбата, авторот својата испирација ја црпи од просторот кој го опкружува, било тоа да се класични портрети, или луѓе во одредена ситуација, одредени емотивни состојби, до домашни миленичиња или едноставно животни во блиската околина.
Александар Поповски е роден во Битола, дипломирал на ФЛУ во Скопје, отсек градика со графички дизајн, имал самостојна и учествувал на групни изложби во Македонија и странстви, илустрирал книги и списанија во земјата и странство, редовен учесник на изложбите на ДЛУБ.
Изложбата на Поповски ќе биде отворена за посета 31 декември 2020 година.

Изложба на акварели на Александар Поповски во Центар за култура во Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- МНД Битола: 2020 година во знак на 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески
- “Битолскиот книжевен круг“ го одбележа меѓународниот ден на мајчиниот јазик
- Премиерата на “Ноќта кога ја убив месечината“, на сцената “Благој Стефановски – Баге“, ќе се игра пред публика
- Библиотеката во Битола ги додели наградите на најверните читатели (фотогалерија)
- Собирање на стари ромски бајки, дел од проектот “Sasas Jekhvar Jekh – Си беше еднаш“ (фото)