Народен театар од Битола одлучи премиерата на “И коњите ги убиваат, зар не?’’ во ова невреме за театар, поради ваша и наша заштита, да ја емитува на својот youtube канал, а линкот ќе биде достапен од 20 часот на 30.12.2020г до 08ч на 31.12.2020.
Линк кон претставата: https://youtu.be/7z4LeBx11zk
Она што е наша предновогодишна молба до вас е пред почетокот на претставата наместо билет да завртите на бројчињата за донации на нашите сограѓани Лидија и Игор како и малиот Виктор на кои нашата помош им е потребна, порачуваат од театарот во Битола.
Исто така доколку знаете уште некој кому му е потребна донација а веќе поседува број, во текот на претставата ве замолуваме да го впишете во делот за разговор во живо. Ние искрено се надеваме дека со овој потег ќе ја задоволиме вашата и наша потреба од театар а истовремено годината што доаѓа за некого ќе ја направиме барем малку посреќна!