Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно и студено време

Денес, сабота, 16 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управат за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне со повремен локален слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата во Битола до -3°С. Поради продор на студена воздушна маса од север до вторник времето ќе биде многу студено со дневни температури под нулата.

Утре, недела во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта во северните делови ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата во Битола до -3°С